top of page

Сервисирање

Како почитувани муштерии, добивате повеќе избор при сервисирање со нас.
Нови или половни делови, брза дијагностика, шлеп служба (комбе),  и повеќе.
Изборот е секогаш ваш - ние само ви го нудиме најдоброто.​

Сопирачкки​

Моторно Масло​

Надградба/Китирање

Најважното нешто при оддржувањето на здрав мотор е менувањето на моторното масло.
Моторното масло циркулира низ целата машина додека таа работи и ги подмачкува сите внатрешни делови без прекин. Ако маслото е црно, изгорено и старо, тогаш машината не се подмачкува правилно и автоматски губи сила, ефикасност, и се троши и расипува побрзо.

 

Сито Сервис нуди промена на моторно масло и филтер за сите видови моторцикли и скутери.
Верувајте во нашата професионалност!

Заедно со гумите, сопирачките го составуваат  безбедносниот систем на вашиот моторцикл.

Квалитетни и правилно монтирани сопирачки плочки и дискови ја прават разликата помеѓу безбедно и небезбедно возење.

Мора да се напомени дека монтирањето е исто толку важно како што се и деловите. Факт е дека неправилно монтирани сопирачки можат да бидат многу опасни без разлика на квалитетот на самите делови.

Сито Сервис држи на лагер сопирачки делови за сите видови моторцикли, и овозможува брзо и евтино монтирање.

За љубителите на скутери, најомилената надградба е китирањето.


Китирањето значи монтажа на нов (поголем) цилиндер и клип кои му овозможуваат на постоечкиот скутер да произведува повеќе сила. Често ова се применува кај скутерите од 50 кубни сантиметри, но постојат опции за сите видови скутери.

За монтажата на нов кит се потребни повеќе специјализирани алати и многу знаење, а искуството што го нуди Сито Сервис во оваа област е неизмерно.

Sito Service - Skopje    За сите ваши мото потреби! Делови, опрема, сервис, продажба на нови и половни моторцикли

  • w-facebook
  • w-tbird
  • w-googleplus
bottom of page